Cüneyt Karadağ
26 Февруари 2020•Ажурирај: 27 Февруари 2020
БЕРЛИН (АА) - Министрите за надворешни работи на 14 земји членки на Европската Унија (ЕУ) го повикаа сирискиот режим и неговите поддржувачи да ги прекинат нападите во Идлиб и да се усогласат со прекинот на огнот усвоен во есента 2018 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министрите за надворешни работи на 14 земји членки на Европската Унија (ЕУ) за германскиот портал за вести „t-online“ напишаа една заедничка статија.
„Го повикуваме сирискиот режим и неговите поддржувачи да ги прекинат нападите во Идлиб и да се усогласат со прекинот на огнот усвоен во есента 2018 година. Ги покануваме веднаш да ја прекинат војната и да ги исполнат своите обврски согласно меѓународните хуманитарни права и закони“, се истакнува во заедничката статија.
Во текстот исто така се нагласува: „Ја повикуваме Русија да продолжи со преговорите со Турција за ублажување на ужасната ситуација во Идлиб и да придонесе за политичко решение на кризата.“
Тие исто така од Русија побараа да не го блокира барањето на Советот за безбедност на Обединетите нации за итна хуманитарна помош за северозападниот дел на Сирија.
Во статијата, во која се наведува дека кризата во Сирија може да се надмине само со политички процес, се истакнува дека режимот се фокусирал само на воената стратегија.
„Режимот се обидува да ги поткопа политичките процеси со блокирање на преговорите за Уставот спроведени од специјалниот претставник на ОН во Женева, Геир О. Педерсен“, се вели во статијата.
- „Ќе ги продолжиме нашите напори извршените злосторства во Сирија да не поминат неказнети“
Во написот се потенцира дека се одлучни злосторствата извршени во Сирија да не останат неказнети. Исто така, се забележува дека казнувањето на злосторствата се неопходен услов за постојан мир во Сирија, кој е длабоко поделен со конфликт од речиси 10 години.
Според написот, Арапската обединета истражна комисија и Меѓународниот неутрален и независен механизам формиран од страна на ОН за борба против неказнивост, собраа важни докази за идно гонење на виновниците за сериозни злосторства.
„Овие докази ќе продолжиме да ги презентираме пред Меѓународниот кривичен суд. Ќе ги продолжиме нашите напори за злосторствата извршени во Сирија не поминат неказнети. Овие злосторства вклучуваат употреба на хемиско оружје, што спаѓа во сериозно кршење на основното меѓународно право. Ние мора да ги идентификуваме одговорните како имиња и да ги доставиме пред лицето на правдата. Мора да разјасниме каде се приведените лица и што се случи со лицата кои се водат како исчезнати“, се нагласува во статијата.