Yusuf Hatip
01 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
БРИСЕЛ (АА) - Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, истакна дека израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, во неговата изјава не тврди дека Иран не го почитува нуклеарниот договор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Могерини во писмено соопштение околу тврдењето на Нетанјаху вели дека израелското разузнавање поседува информации дека Иран се обидува да произведува нуклеарно оружје.
„Според првичните вести, Нетанјаху не тврди дека Иран не го почитува нуклеарниот договор“, нагласи Могерини, додавајќи дека треба детално да се истражат документите кои ги соопшти Нетанјаху.
Истакнувајќи дека Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) е единствената надлежна институција која ги контролира одговорностите на Иран кои произлегуваат од нуклеарниот договор, Могерини рече дека Меѓународната агенција за атомска енергија досега објавила 10 извештаи кои потврдуваат дека Иран ги исполнува своите обврски.