Aness Suheil Barghoti
26 Мај 2019•Ажурирај: 27 Мај 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Правните чекори со коишто би можело да му се овозможи имунитет на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од судско гонење предизвика масовни демонстрации во Тел Авив, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите се собраа пред музејот во Тел Авив во знак на протест против потегот на десничарските коалициски партнери на Нетанјаху за усвојување на легислативата за заштита на премиерот од судско гонење.
Протестите беа организирани од израелските опозициски партии, кои го обвинуваат Нетанјаху дека сака да ги ограничи овластувањата на Врховниот суд за негово гонење.
Во февруари, израелскиот јавен обвинител Авичаи Манделблит рече дека размислува за подигнување обвинение против Нетанјаху за корупција и мито за три различни случаи.
Врховниот суд ќе одлучи дали Нетанјаху мора да поднесе оставка.
На функција веќе една декада, Нетанјаху освои рекорден петгодишен мандат на изборите одржани на 9 април, откако неговата десничарска партија Ликуд освои 36 места во Кнесетот (израелскиот Парламент).
Тој сега има рок до 29 мај да формира нова влада.
Доколку успее да формира нова влада, Нетанјаху ќе биде лидер со најдолга функција во историјата на Израел.
Минатата недела, член на партијата Ликуд рече дека Нетанјаху може да повика на повторни избори ако не се постигне значителен напредок во преговорите со коалицијата.