свет

Молитвата терави првпат по 12 години извршена во џамијата Омајад во Алепо

- Реставрацијата на џамијата, која беше сериозно оштетена во нападите на режимските сили во 2013 година, траеше приближно три месеци.

Ahmet Karaahmet  | 13.03.2025 - Обновена : 15.03.2025
Молитвата терави првпат по 12 години извршена во џамијата Омајад во Алепо

АЛЕПО

Првпат по 12 години молитвата терави е извршена во историската џамија Омајад во Алепо, Сирија, која беше обновена со поддршка на турското Министерство за фондации, известува Анадолу.

Реставрацијата на џамијата, која беше сериозно оштетена во нападите на режимските сили во 2013 година, траеше приближно три месеци.

Во делот во џамијата каде што се завршени реставраторските работи првпат за Рамазан беа извршени молитвите терави и јација.

Дворот на џамијата беше исполнет со луѓе што дојдоа да ја клањаат молитвата терави.

Емотивни моменти за граѓаните што по долго време ја доживеаја среќата да клањаат.

Министерството за фондации на Туркије изврши прецизна реставрација на џамијата што беше оштетена во нападите.

Инженерот Феваз Хилал, одговорен во Комитетот за реставрација, за АА изјави дека џамијата е отворена за молитвите терави и јација по завршувањето на првата фаза од реставрацијата на џамијата Омајад.

Наведувајќи дека одговориле на барањето на жителите на градот што сакале да се молат во џамијата, Хилал истакна:

„Работата ќе продолжи до целосно завршување на реставрацијата.“

Махмуд Азизе, кој емигрирал од Алепо во 2016 година поради нападите на режимските сили, нагласи дека со ослободувањето се вратил во градот и молитвата терави ја извршил во џамијата Омајад, која е отворена по 12 години.

Азизе изјави дека е оштетен голем дел од џамијата и дека е отворена за богослужба по реставраторските работи.


- Џамија Омајад

Џамијата Омајад, која се смета за еден од историските симболи на Алепо, е едно од важните дела на исламската архитектура и со векови е домаќин на многу цивилизации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın