Aida Cako
13 Март 2025•Ажурирај: 14 Март 2025
Палестинците во Газа се принудени да готват на дрва поради недостиг на гориво и гас откако Израел го блокираше граничниот премин Карм Абу Салем, јавува Анадолу.
Во Хан Јунис многумина користат алтернативни методи за подготовка на храна бидејќи недостигот на енергенси ја влошува хуманитарната ситуација.
Поради рестрикциите, семејствата и малите бизниси се соочуваат со тешкотии во обезбедувањето основни продукти и топлинска енергија.
Ограничувањата во снабдувањето со гориво дополнително ја влошуваат кризата во енклавата, каде што жителите секојдневно се соочуваат со прекини на електричната енергија и недостиг на основни работи.