Aida Cako
13 Март 2025•Ажурирај: 13 Март 2025
ЛА ПАЗ (АА) - Долги редици на возила се формираат пред бензинските пумпи низ Боливија бидејќи граѓаните се соочуваат со сериозен недостиг на гориво во главниот град Ла Паз, јавува Анадолу.
Кризата со гориво, која трае повеќе од една недела, дополнително се продлабочи поради доцнењата во дистрибуцијата и проблемите со снабдувањето, оставајќи многу бензински пумпи без гориво.
Според локалните извештаи, возачите чекаат со часови за да наполнат гориво, а некои бензински пумпи го ограничуваат количеството што може да се купи.
Долгите редици предизвикаа застој во сообраќајот, а граѓаните изразуваат незадоволство поради ситуацијата.