Ekipa
10 Јули 2017•Ажурирај: 11 Јули 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 31 лице загинаа, а десет се сериозно повредени од удар на гром во изминатите 24 часа во источниот дел на Индија, јавува Anadolu Agency (AA).
Aнирудх Кумар, претставник на цивилната одбрана во индиската покраина Бихар, за АА рече дека со најинтензивни удари од гром биле погодени градовите Рохтас, Ваисхаил, Патна, Бухара и Саран.
Властите во покраината Бихар ветија дека за семејствата на настраданите ќе обезбедат финансиска помош во износ од 6.300 американски долари.
Поголемиот дел од жртвите се работници на фарми и земјоделски имоти, а смртта од удар од гром е честа појава во периодот на монсунски дождови во Индија.
Паралелно со ова, североисточната индиска покраина Асам беше погодена од обилни дождови и поплави кои го загрозуваат животот и имотот на речиси половина милион луѓе.
Од најранливите области беа евакуирани 24.000 луѓе, а екипите за цивилна заштита на земјата се обидува да ги згрижат селаните, кои беа принудени да напуштат повеќе од илјада села што останаа под вода.