свет

Мртви и ранети во израелско гранатирање на училиште во Газа во кое биле засолнети раселените Палестинци

- Во нападот има голем број убиени и повредени, меѓу кои жени и деца.

Mehmet Nuri Uçar  | 26.08.2024 - Обновена : 27.08.2024
Мртви и ранети во израелско гранатирање на училиште во Газа во кое биле засолнети раселените Палестинци

ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија изврши гранатирање на училиште во Појасот Газа во кое биле засолнети раселени цивили. Во нападот има загинати и повредени Палестинци, известува Анадолу.

Според информациите добиени од локални извори, израелската армија извршила напад со артилериски оган врз училиштето „Из Бин Абдуселам“ во бегалскиот камп Нусајрат, кој се наоѓа во централниот дел на Појасот Газа, во кое биле засолнети цивилите што главно доаѓаат од северните делови на палестинската енклава.

Во нападот се убиени голем број лица, а има и повредени, меѓу кои жени и деца.

Израелската артилерија изврши жестоки напади и во северниот дел на бегалскиот камп Бураџ, сместен во централниот дел на Појасот Газа.

Хеликоптери на израелската армија со интензивен оган ја нападнале областа околу фабриката Ал-Авде во градот Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа.

Медицински извори информираа дека телата на три лица што останале заробени под урнатините по израелскиот напад врз градот Рафа биле донесени во Европската болница во Хан Јунис, на југот на Појасот Газа.

Израелската армија во текот на ноќта со експлозив минираше некои локации и згради во западниот дел на Рафа.

Министерството за здравство во Газа вчера објави дека од 7 октомври во израелските напади врз Појасот Газа се убиени 40.405 Палестинци, меѓу кои најмалку 16.480 деца и 10.980 жени, а 93.468 се повредени.

Иако сѐ уште илјадници убиени Палестинци се наоѓаат под урнатините, Израел продолжува со уништувањето на цивилната инфраструктура, таргетирајќи болници и образовни институции во кои е засолнето раселеното население што бега од израелските напади.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın