Michael Hernandez
12 Септември 2019•Ажурирај: 13 Септември 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Властите во Бахамите вчера соопштија дека речиси 2.500 лица се регистрирани за исчезнати како последица на разорниот ураган Доријан, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалната бројка ја објави портпаролот на Националната агенција за управување со вонредни состојби, Карл Смит.
Смит предупреди дека листата сѐ уште се финализира и дека треба да се изврши проверка врз основа на владините регистри на лица кои се засолниле и други лица кои биле евакуирани.
Вкупниот број може да биде помал кога конечно ќе биде познат. Активностите за пребарување и спасување се во тек повеќе од една недела откако Доријан минатата недела предизвика свлечиште на Бахамите.
Ураганот Доријан е евидентиран како најмоќниот ураган што го зафати регионот досега.
Официјална бројка на загинати лица оттогаш се зголеми на 50 лица, но властите предупредија дека бројката би можела значително да се зголеми, кога работниците ќе се пробијат низ урнатините.