Burak Bir
12 Септември 2019•Ажурирај: 12 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Неколку последователни експлозии одекнаа денеска по пожар во воената зона во крајбрежниот град Киренија, на Северен Кипар, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Пожарот изби во складиште со оружје во воената зона и дојде до неколку последователни експлозии во Киренија“, објави на социјалната мрежа „Фејсбук“, Кудрет Озерсај, потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (TRNC).
Озерсај истакна дека координира со службениците од воената и полициската управа кои се справуваат со ситуацијата.
Нагласи дека штом добие сигурни информации, ќе ги подели со јавноста.