Bayram Altuğ
19 Декември 2019•Ажурирај: 20 Декември 2019
ЖЕНЕВА (AA) – Првиот глобален форум за беглците е одржан во Женева во средата, а Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалците (УНХЦР) соопшти дека првите анализи покажуваат дека се ветени 7,7 милијарди долари за подобрување на условите за животот на бегалците, јавува Агенција Анадолија (AA).
Високиот комесар на ОН, Филипо Гранди соопшти дека на форумот виделе одреден напредок на долгорочниот план кога станува збор за бегалците.
Во соопштението на УНХЦР се наведува дека првите анализи покажуваат дека дошло до ветување на значајни финансиски средства.
Повеќе од 4,7 милијарди долари вети Групацијата на Светската банка, за да се пружи поддршката на приватниот сектор во земјите во кои се наоѓаат бегалците, како и создавање услови за вработување.
Интер-американската банка за развој вети милијарда долари, а другите земји и страни кои присуствуваа на форумот ветија финансиска поддршка од најмалку две милијарди долари.
Кажано е дека во светот се наоѓааат 25,9 милиони бегалци.
Форумот започна на 17 декември, а копретседавач беше Турција чии претседател Реџеп Таип Ердоган присуствуваше на овој настан.
Форумот собра повеќе од 3.000 делегати меѓу кои беа претставници на бегалците од неколку земји, државници, претставници на невладини организации, развојни организации, претприемачи, невладин сектор, хуманитарни организации...