Aldıjana Hadzıc
26 Април 2016•Ажурирај: 26 Април 2016
САРАЕВО (AA) - Меѓу историските настани, кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
121.- Роден е римскиот цар Марко Аурелије.
1564. - Крстен е книжевникот Вилјем Шекпсир. Меѓу неговите најпознати дела се наоѓаат "Ромео и Јулија", "Хамлет", Жулио Цезар" и многу други.
1677. - Кралот Леополд I основаше Универзитет во Инсбрук.
1755. - Во Москва е отворен првиот универзитет.
1803. - Во градот Егл, во Франција, падна голем број метеорити. Според одредени извори, падна повеќе од три илјади метеорити.
1906. - На Хаваите се прикажани првите подвижни слики.
1910. - Роден е книжевникот Меша Селимовиќ. Меѓу неговите истакнати дела се наоѓаат романите "Дервиш и смрт" и "Тврдина" .
1933. - Основа е Гестапо."Geheime Staatspolizei", односно Државната тајна полиција делуваше во период од настанување на Третиот Рајх па се до крајот на Втората светска војна. Идејниот творец на гестапо беше Херман Горинг. Тоа беше политичка полиција поделена во Министерство за внатрешни работи на Рајхот со многу широки овластувања и поради што се развиваше во зглогласен инструмент на државните власти.
1942. - Во експлозија во рудникот Хонкеико загина 1.549 рудари.
1977. - Во Њујорк е отворен популарниот ноќен клуб Студио 54.
1986. - Експлодираше четвртиот реактор на нуклеарната централа во Чернобил поради што на лице место загина 31 лице. Последиците од катасторфата се видливи и денес.
1990. - Земјотрес ја погоди Кина со јачина од 6,9 степени по Рихтер. Тогаш загинаа 126 луѓе.