Burcu Arik
27 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Саудискиот крал вчера издаде декрет со кој им се дозволува на жените во таа земја да возат автомобили, јавува Anadolu Agency (AA).
Саудиските државни медиуми објавија дека саудискиот крал Салман бин Абдул Азиз ал-Сауд им дозволува на жените да посетуваат училишта за возачи и да управуваат возило.
Кралскиот суд на Саудиска Арабија соопшти дека со декрет е дозволено жените да добиваат возачки дозволи и да возат.
Кралскиот декрет наводно треба да се примени до јуни 2018 година.
Со оваа одлука, за првпат во историјата на жените во таа земја им е овозможено да возат автомобили.