Ali Cura
21 Септември 2020•Ажурирај: 22 Септември 2020
МИНСК
На демонстрациите што се одржаа без дозвола низ Белорусија, со цел протест против резултатите од претседателските избори во земјата, вчера биле приведени 442 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Белорусија, Олга Чемоданова, истакна дека во неделата биле одржани протести без дозвола во 24 места низ земјата, на кои учествувале над 20.000 лица.
Чемоданова нагласи дека на демонстрациите во Минск се собрале 18.000 лица, и дека безбедносните сили ги презеле потребните мерки за осигурување на редот и безбедноста.
„442 лица, што го прекршиле законот на вчерашните демонстрации, се приведени, од кои 266 се наоѓаат во Минск. Сè до излегување пред суд, 330 лица ќе бидат задржани во притвор“, рече Чемоданова.