Dmitri Chirciu
21 Септември 2020•Ажурирај: 21 Септември 2020
МОСКВА (АА) - Во јужниот и северниот дел на Кавказ во Русија започна вежбата „Кавказ-2020“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Русија.
Во соопштението се наведува дека во оваа вежба учествуваат околу 90.000 војници на Русија и Белорусија, како и околу 1.000 војници од Кина, Иран, Пакистан, Ерменија и Мјанмар.
Вежбата се одржува на полигоните „Капустин Јар“, „Ашулук“, „Аданак“ и „Продбој“ во јужниот и северниот дел на Кавказ во Русија, како во водите на Црното Море и Каспиското Море.
Исто така, во рамки на вежбата учествуваат 60 воени авиони, 30 воени бродови, 250 тенкови, 450 оклопни возила, 200 системи за лансирање ракети и артилерија.
Според соопштението на руското Министерство за одбрана, оваа вежба ќе трае до 26 септември.