Alaattin Doğru
05 Ноември 2021•Ажурирај: 09 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Француската полиција со солзавец интервенира врз мајките кои протестираа против задолжителното носење маски за учениците од основно училиште, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантките кои се нарекуваат „Мајки волчици“, вчера во Париз се собраа во близина на Елисејската палата, со цел да протестираат против мерките преземени за заштита од пандемијата на Ковид-19, вклучувајќи ја и мерката задолжително носење маски за учениците.
Групата жени се соочи со полициска интервенција движејќи се кон Елисејската палата, со цел да се состанат со претседателот Емануел Макрон.
Полицијата интервенира со солзавец врз демонстрантките.
Во настанатиот судир, некои од демонстрантките паднаа на земја.
Инаку, француската Влада на 3 ноември донесе одлука за задолжително носење маски за учениците од основно училиште.