Gülşen Topçu
11 Октомври 2020•Ажурирај: 12 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Во Египет на протестите од 20 септември досега приведени се околу 1.943 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Египетскиот правник Халид Али на својот фејсбук-профил напиша дека на протестите коишто продолжуваат од 20 септември досега се приведени околу 1.943 лица.
Али нагласи дека поради тоа што официјалните власти не ги соопштуваат податоците за приведените лица, адвокатите ги добиваат овие информации од блиските на приведените и од организациите за човекови права.
Според него, на овие лица им е изречена мерка притвор од 15 дена, а во оваа бројка не се вклучени ослободените лица.