Jeyhun Aliyev
09 Октомври 2020•Ажурирај: 10 Октомври 2020
АНКАРА
Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, соопшти дека азербејџанската војска од ерменска окупација ослободи уште неколку населени места, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во своето обраќање до народот, Алијев нагласи дека местото Хадрут кој се наоѓа во северниот дел на Џејрајли, како и неколку села, вклучувајќи ги Чајли, Јукари Гузлак, Горазили, Гишлаг, Гаражали, афандилар, Сулејмани и Сур, се обединети со другиот дел на територијата на Азербејџан во една, како што реше тој, историска победа.
Алијев рече дека со ослободување на Хадрут, местото Фузули била опколена, и дека бил оставен тесен коридор со цел луѓето да го напуштат тоа место.
„Ние ќе ги преземеме нашите територии. Ние тие сакаме да ги преземеме на мировен начин“, додаде азербејџанскиот претседател.
„Ние не сакаме крвопролевање. Напуштете ја нашата територија. Ние ќе ја ослободиме. Нека не ја пропуштат оваа шанса“, истакна тој.