Mehmet Yılmaz,Aşkın Kıyağan
24 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
ВАРШАВА (АА) - Како резултат на силна бура и лоши временски услови, над 100.000 домаќинства во Полска и Чешка останаа без електрична енергија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени на полските и чешките национални медиуми, поради силната бура без електрична енергија останале 76.000 домаќинства во Полска и 40.000 домаќинства во Чешка.
Поради паѓање на дрвја во Полска повредени се 5 лица, додека 311.000 згради се оштетени.
Од друга страна, во Чешка поради силната бура допрени се железничките линии во повеќе региони.