Emel Gözellik
04 Декември 2020•Ажурирај: 05 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Над 25.000 лица се евакуирани поради пожарите кои избувнаа поради силните ветрови во јужниот дел на американската сојузна држава Калифорнија, додека повредени се двајца пожарникари кои интервенирале во гасењето на пожарот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Си-ен-ен (CNN), противпожарните служби во Оринџ каунти соопштија дека 10 отсто од пожарот, кој избувна во подрачјето поради ветровите, е ставен под контрола.
Се истакнува дека најмалку 25.000 лица се евакуирани поради, додека двајца пожарникари се повредени и пренесени во болница.
Според соопштеното, голем број куќи се оштетени, а дел од нив се срушени, додека околу 500 пожарникари се вклучени во гасењето на пожарот.
Инаку, поради пожарите кои избувнаа во октомври во јужниот дел на Калифорнија беше донесена одлука за евакуација на над 100.000 лица.
Шумските пожари кои продолжија во текот на септември, кон крајот на месецот оставија околу 1.000 жители на Калифорнија без покрив над главата, додека најмалку три лица загинаа во пожарите. Запалена беше шумска површина од 8.000 километри квадрати.