Ahmet Gençtürk
24 Ноември 2022•Ажурирај: 25 Ноември 2022
АНКАРА (АА) – Над 800.000 граѓани на Грција поднеле барање за надомест за греење што го објави Владата, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Околу 1,3 милиони луѓе се квалификуваа за владиниот пакет за поддршка објавен на почетокот на овој месец, поради растечките цени на енергијата пред зимската сезона.
Граѓаните кои се квалификуваат за помошта ќе добијат надомест во износ од 100 евра до 800 евра. Оние кои живеат во планинските подрачја, ќе имаат право на дополнителен надомест од 1.000 евра.
Оние кои ќе аплицираат за надомест по првпат и оние кои ќе користат други извори за затоплување, со исклучок на природниот гас, ќе имаат право на надомест до 1.600 евра, во зависност од брачниот статус и нивото на приходи.
Опозициските партии привлекоа внимание на дискрепанцијата во буџетот, нагласувајќи дека само 300 милиони евра се доделени за надомест за греење, помалку од минатогодишните 714 милиони евра.
Грција е меѓу европските земји кои бележат голем пораст на трошоците за живот, делумно предизвикано од руската војна во Украина.
Грчкиот Завод за статистика (ЕЛСТАТ) во октомври објави дека цените на природниот гас забележале рекордно високо ниво, со пораст на годишно ниво од 332 отсто.