Zehra Nur Düz
09 Октомври 2022•Ажурирај: 10 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Русија во саботата го именуваше генерал Сергеј Суровикин за нов командант на своите сили што се борат во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Суровикин претходно беше на челото на рускиот Источен воен округ и командуваше со руските трупи во Сирија, наведува руската новинска агенција ТАСС.
„Тој ќе командува со заедничката група сили во зоната на специјални воени операции во Украина“, изјави Игор Конашенков, портпаролот на Министерството за одбрана на Руската Федерација, пренесоа руските медиуми.
„Именувањето на Суровикин го изврши министерот за одбрана Сергеј Шојгу“, соопшти Конашенков.