Ekip
08 Октомври 2022•Ажурирај: 10 Октомври 2022
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 12 лица загинаа, а десетина се повредени кога утрово се запали патнички автобус во индиската западна држава Махараштра, соопштија индиските власти, известува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата соопшти дека автобусот се запалил откако удрил во камион во Нашик рано утрово.
„Дванаесет лица ги загубија животите. Повеќе од 30 се спасени, а некои од нив се повредени и се наоѓаат во стабилна состојба“, изјави за Агенција Анадолија полицискиот службеник Амол Тамбе.
Тамбе истакна дека поголемиот број од загинатите починале од изгореници и додаде дека полицијата започнала истрага.
Локално официјално лице изјави дека во пожарот се повредени најмалку 27 лица.
Нарендра Моди, премиерот на Индија, порача дека во мислите е со семејствата на жртвите и рече дека локалната управа им ја дава сета помош на загрозените.
Моди најави дека ќе им биде исплатена отштета на семејствата на загинатите и повредените.