Bilgin S. Şaşmaz
21 Февруари 2017•Ажурирај: 21 Февруари 2017
ЧИКАГО (АА) – Секоја година, третиот понеделник во месецот февруари, во САД се одбележува како Ден на претседателот. Оваа прослава се совпадна со навршувањето еден месец откако претседателската функција на САД ја презеде новоизбраниот Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Стотици граѓани на САД , во знак на протест против Трамп и неговата политика се собраа во Чикаго пред зградата „Трамп тауер“.
- „Имигранти и муслимани, добредојдовте“ -
Стотици граѓани на САД , во знак на протест против Трамп и неговата политика се собраа во Чикаго пред зградата „Трамп тауер“.
На протестот за кој полицијата презеде засилени безбедносни мерки, демонстрантите носеа транспаренти на кои беше испишано: „Трамп не е мој претседател“, „Трамп ќе остане под ѕидот што сака да го изгради“, „Имигранти и муслимани, добредојдовте“.
Обраќајќи им се на демонстрантите пред „Трамп тауер“, претставници од различни групи ги извикуваа паролите: „Ние немаме потреба од него, Трамп треба да си оди“, „Нема ниту омраза, ниту страв, имигранти добредојдовте“, „Важен е животот и на имигрантите и на Афроамериканците“, „Не за Трамп, Кју Клукс Клан и за расизмот во САД“.