Atila Altuntaş
27 Април 2021•Ажурирај: 28 Април 2021
СТОКХОЛМ (АА) – Извршен е напад врз муслимански гробишта во областа Розенгард во Малме, Шведска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во нападот уништени се 10 надгробни споменици, а полицијата започнала истрага за инцидентот.
Микаил Јуксел, претседател на Партијата на различните бои во Шведска, за Агенција Анадолија (АА) истакна дека омразата кон муслиманите во Шведска е зголемена во последните неколку години.
Наведувајќи дека нападот врз муслиманските гробишта во Малме е вознемирувачки, Јуксел рече:
„Не минува ниту еден ден без да се изврши некое злосторство од омраза кон муслиманите. Покрај тоа што муслиманите се најпогодената група во Европа и Шведска, не можам да забележам дека Владата и политичките партии преземаат некои опипливи мерки на претпазливост.“