And Demir
01 Октомври 2019•Ажурирај: 02 Октомври 2019
ХЕЛСИНКИ (АА) - Во финскиот град Куопио, во средно стручно училиште извршен е напад со меч, при што животот го загуби едно лице, а 10 се ранети, од кои 2 лица се во критична состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот е извршен во Занаетчиското училиште „Саво“, а меѓу повредените се наоѓа и напаѓачот, во кого пукал полицаец со цел да го спречи.
Повредените се префрлени во локалните болници, а учениците и наставниот кадар се засолниле во Трговскиот центар „Херман“.
Очевидец за локалните медиуми изјави дека напаѓачот е возрасно лице и дека во нападот користел меч.
Саули Нинисте, претседателот на Финска, објави порака во која вели дека како нација се во голем шок.
Во тек е истрага за случајот.