Mohamad Misto,Adham Kako
01 Октомври 2019•Ажурирај: 02 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК уби една од жените кои протестираа против условите во кампот Ал Хол, што го окупираше во Хасеке, пренесува Anadolu Agency (AA).
Продолжуваат злоупотребите на човековите права од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК во кампот Ал Хол во североисточна Сирија.
Според локалните извори, жените во кампот Ал Хол окупиран од страна на ЈПГ/ПКК на истокот на провинцијата Хасеке, протестираа против условите во кампот и нечовечкиот третман на терористичката организација.
Жените кои одбиваа да бидат одвоени од своите деца во кампот, беа подложени на интервенција од страна на припадниците на ЈПГ/ПКК. Како резултат на интервенцијата почина една жена, а десетици беа приведени.
ЈПГ/ПКК неодамна од нивните мајки изолира десетици деца кои се под 12-годишна возраст.
- Кампот Ал Хол
ЈПГ/ПКК, цивилите кои бегаа од судирите со терористичката организација ДЕАШ во Деир ез Зор, ги насочи во овој камп.
Терористичката организација во овој камп ги држи семејствата на ДЕАШ кои се предадоа.
ЈПГ/ПКК кампот го формираше во април 2017 година, а цивилите кои се носат во овој камп живеат во нехумани услови.
Хигиенските услови во кампот се под човечките стандарди, шаторите се искинати, храната е со поминат рок за траење, а за хроничните болни не се обезбедени лекови.
Обединетите нации (ОН) и невладините организации често предупредуваат дека хуманитарната состојба во кампот Ал Хол се влошува и бараат пристап до центрите каде што се сместени милитантите на ДЕАШ.
Според ОН, во кампот Ал Хол чиј капацитет е 10.000 лица, сместени се 73.000 лица, од кои 92 проценти се жени и деца, а 15 проценти од нив се странски државјани.
Во овој камп исто така се држат и неколку илјади странски терористички борци од околу 50 земји.
Поголемиот дел од европските земји не сакаат странските борци и нивните семејства да се враќаат во Европа, од друга страна, пак, ЈПГ/ПКК повремено се заканува дека ќе ги ослободи членовите на ДЕАШ.