Selman Aksünger
17 Септември 2021•Ажурирај: 19 Септември 2021
АМСТЕРДАМ (АА) - Во напад со нож во холандскиот град Алмело загинаа две лица, додека повредено е едно лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на Твитер од страна на полицијата во подрачјето на Оверајсел во Холандија, извршен е напад со нож на улицата „Стејнстрат“.
Како резултат на нападот загинаа две лица, а повредено е едно лице.
Во соопштението се вели дека осомниченото лице кое се смета дека е напаѓачот се здобило со повреди и било фатено во неговиот дом.
На снимките објавени на социјалните мрежи се забележува дека осомниченото лице, по нападот, од балконот на својот дом отворило оган кон улицата.