Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Декември 2018•Ажурирај: 17 Декември 2018
МЕКСИКО (АА) - Во нападите изведени врз мексичките безбедносни сили, животот го загубија тројца полициски службеници и еден припадник на морнарицата, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за јавна безбедност соопшти дека од едно возило отворен е оган врз полициска патрола која била на должност во близина на главниот град Морелиа, во мексиканската сојузна држава Мичоакан.
Во нападот животот го загубија тројца полициски службеници.
Мексиканската морнарица информираше дека во близина на градот Хидалго, во сојузната држава Коауила, во северниот, пограничен дел на Мексико, изведен е напад врз припадниците на морнарицата.
Во нападот животот го загуби еден припадник на морнарицата, тројца се ранети. Во престрелката се убиени двајца напаѓачи.