Ekip
15 Декември 2018•Ажурирај: 15 Декември 2018
ПАРИЗ (AA) – На улиците на Париз забележливо е присуство на силни полициски сили, во пресрет на денешните нови протести на движењето „Жолти елеци“. Властите повикаа на смиреност, окако во претходните неколку саботи протестите прераснаа во улично насилство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицајците, денес (сабота) наутро, во специјална опрема за нереди распоредени се околу главната метро-станица и авенијата „Шанзелизе“, на која продавниците и рестораните се затворени и блокирани, како мерка на претпазливност пред протестите. Минатата сабота група демонстранти ги ограбија продавниците и поставија барикади на улиците.
Безбедносните сили се околу метро-станицата „Сент Лазар“, каде што полицијата ги проверува чантите на минувачите и бара други потенцијални знаци за предизвикување проблеми. Во нејзина близина се наоѓаат дваесетина полициски комбиња и камион со воден топ.
Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот повика на смиреност во текот на демонстрациите.