Furkan Naci Top
13 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
АТИНА (АА) - Канцеларијата на „Turkish Airlines“ (Туркиш ерлајнс) во Атина беше цел на напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, една група се обидела да влезе во претставништвото, оштетувајќи ја влезната стаклена врата, но не успеала да влезе.
Обидот за упад се случил пред почетокот на работното време, кога во канцеларијата немало никој, па причинета е само материјалната штета.
Грчката полиција започна истрага.
Одговорноста за нападот ја презеде анархистичката група „Рувиконас“, која претходно изврши напад со боја врз амбасадата на Турција во Атина.