Ekip
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
ПАРИЗ (АА) - Француските официјални претставници потврдија дека 39 годишниот Зијед Бен Белгесем утринава се обидел да го одземе оружјето на војникот на аеродромот Орли по кое е неутрализиран, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакнаа дека напаѓачот е француски државјанин. Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека истражувачите ќе утврдат дали напаѓачот имал „терористичка завера зад себе”.
Тој отфрли било каква поврзаност со престојните претседателски избори во април и мај и порача дека ништо нема да ги спречи во борбата против екстремизмот во наредните години.
Да потсетиме, утринава на аеродромот Орли во Париз едно лице се обиде да го одземе оружјето на војник по кое е неутрализирано. Дел од аеродромот притоа беше евакуиран, а преземени се големи безбедносни мерки. Сите летови на споменатиот аеродром се запрени и пренасочени кон аеродромот Шарл де Гол.
Вонредната состојба во Франција е прогласена откако во Париз на 13 ноември 2015 година беа извршени серија на терористички напади во кои загинаа 130 лица.
Вонредната состојба е продолжена по терористичкиот напад во Ница на 14 јули 2016 година во кој се убиени 84 лица.