Bilgin S. Şaşmaz
18 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
ЧИКАГО (АА) - Во американскиот град Чикаго се одржува „ Конвенција за уметноста со тетоважи” која ги собира познатите познатит мајстори за тетоважи од сите делови на светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Конвенцијата се одржува во Конгресниот центар Доналд Е. Стивенс, а на неа учествуваат околу 800 мајстори за тетоважи.
Манифестацијата ќе трае три дена ,а веќе првиот ден привлече голем број на посетители.
Организаторот Трој Тимпел за АА изјави дека станува збор за една од најзначајните програми на светот кога станува збор за уметноста со тетоважи и дека се очекува конвенцијата да ја посетат околу 10.000 лица.
Тимпел додаде дека се задоволни со интересот на уметниците кои доаѓаат од делови ширум светот. Тој додаде дека ова е голема можност за љубителите на тетоважи.
Освен тоа, посетителите имаат прилика да купат одредени модни детали и да присуствуваат на различни програми.