Mücahithan Avcıoğlu
17 Јануари 2025•Ажурирај: 18 Јануари 2025
КИНА (АА) – Населението на Кина се намалува веќе третa година, покажуваат податоците објавени денес, што укажува дека трендот ќе продолжи уште побрзо во наредните години во втората најнаселена земја во светот, како и недостигот на работоспособно население, јавува Анадолу.
Според изјавата на Националното биро за статистика, населението на Кина минатата година се намалило за 1,39 милиони.
Податоците покажуваат дека населението на копнена Кина од 1,410 милијарди во 2023 година се намалило на 1,408 милијарди минатата година.
Сепак, бројот на новороденчиња се зголемил за 5,7 отсто, достигнувајќи 9,54 милиони во споредба со 9,02 милиони во 2023 година.
Во 2024 година Кина регистрирала 10,93 милиони смртни случаи, што претставува намалување од 1,5 отсто во споредба со 11,1 милиони во 2023 година.
Според распределбата на населението по возрасни групи, лицата на возраст од 16 до 59 години, дефинирани како работоспособни, сочинуваат 60,9 отсто од населението (857,98 милиони), а лицата на возраст од 60 години и постари се 22 отсто (310,31 милиони).
Иако стапката на раст на населението се намалува од 2016 година, се проценува дека овој пад ќе се забрза во иднина.
Владата се откажа од политиката „едно дете“ што беше на сила од 1980-тите години, така што во 2016 година го зголеми ограничувањето на две деца, а во 2021 година усвои закон што дозволува семејствата да имаат три деца.