Adam Abu Bashal
17 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
АБУЏА
На изборите за гувернер што се одржаа вчера во сојузните држави Коги и Бајелса во западноафриканската држава Нигерија, дојде до насилни настани во кои животот го загубија 4 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Началникот на полицијата на сојузната држава Коги, Хаким Бусари, изјави дека дошло до насилни настани на изборите во Коги.
Бусари информираше дека во немилите настани животот го загубиле 4 лица, а голем број се ранети.
Во сојузната држава Бајелса настанала тепачка кога една група се обидела да ги украде гласовите од избирачката кутија, при што ранети се голем број лица.