НАТО и ЕУ разговараа за зајакнување на одбранбената подготвеност и производството во одбраната
Руте присуствуваше на собирот на Колеџот на комесари на ЕУ во Белгија, чиј домаќин беше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен
ЛОНДОН (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес се сретна со претставници на Европската Унија (ЕУ) во Брисел со цел разгледување на патиштата за подлабока соработка меѓу НАТО и ЕУ, јавува Анадолу.
Руте присуствуваше на собирот на Колеџот на комесари на ЕУ во Белгија, чиј домаќин беше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
За време на состанокот, Руте ја поздрави можноста за вклучување во разговорот, истакнувајќи ја вредноста на зголемената соработка меѓу НАТО и ЕУ со оглед на тоа што дискусијата беше фокусирана на зајакнување на одбранбената подготвеност, зголемување на одбранбеното производство и усогласување на стратешките приоритети меѓу двете организации.
Руте нагласи дека со зголемувањето на безбедносните закани на глобално ниво ќе биде уште поважно да се искористи колективната моќ и на НАТО и на ЕУ со цел да се заштитат заедничките вредности и интереси, се вели во соопштението на НАТО.
„Овој состанок следи по серијата неодамнешни ангажмани на генералниот секретар и заменик генералниот секретар со лидерите на институциите на ЕУ, вклучително и со членовите на Европскиот парламент, да работат заедно на прашања каде што постои јасен заеднички интерес, потпирајќи се на уникатните сили на двете институции“, се додава.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.