Zehra Nur Düz
02 Јануари 2020•Ажурирај: 04 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на Војската на Тајван загина при уривање на хеликоптер на воздухопловните сили во близина на главниот град, јавуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Началникот на Генералштабот, Шен Ји-минг, и командантот на Воздухопловните сили, Хсиунг Ху-чи, беа меѓу осумте лица што ги загубија животите во несреќата“, јави новинската агенција „Фокус Тајван“, повикувајќи се на тајванското Министерство за одбрана.
Хеликоптерот летал од Тајпеј, главниот град на Тајван, кон североисточната област Јилан, кога се урнал во планините близу главниот град.
Според јавувањата, несреќата ја преживеале пет лица.