Nuri Aydın
01 Јануари 2020•Ажурирај: 02 Јануари 2020
ХОНГКОНГ
Демонстрантите во Хонгконг и првиот ден од 2020 година продолжија со продемократските протести, јавува Агенција Анадолија (АА).
Организаторите на протестот тврдат дека повеќе од милион продемократски демонстранти излегле на улиците на Хонгконг. Сепак, мирното собирање на улиците бргу се претвори во судири за чие време полицијата употреби и солзавец.
Илјадници демонстранти формираа километарски синџир од луѓе долж градските улици, извикувајќи „Слава на Хонгконг“, и повикаа на продолжување на борбата за демократија и во 2020 година.
Во масата луѓе врз која полицијата во еден момент фрли солзавец, беа и цели семејства, а некои од демонстрантите одговорија со фрлање на молотови коктели.
Поранешната британска колонија од јуни минатата година се наоѓа во најголема политичка криза од нејзиното враќање под суверенитет на Пекинг во 1997 година.
Протестите на кои се бараат поголеми демократски права, немаат знаци за опаѓање на интензитетот, и покрај големата победа за претставници во окрузите во почетокот на декември минатата година.