Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Декември 2017•Ажурирај: 24 Декември 2017
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Огнот кој беснее две недели во шумските области во јужниот дел на американската држава Калифорнија се смета за најголем во историјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Калифорнијата за шумарство и заштита од пожар истакнаа дека пожарот уништи 1.105 километри квадратни површина во Вентури и Санта Барбара. Станува збор за најголемиот оган што некогаш бил забележан во оваа земја.
Досега најголемиот пожар се сметаше оној во 2003 година, кој избувна во областа Сан Диего и во кој загинаа 15 лица.
Во гаснењето на пожарот во Калифорнија учествуваат повеќе од 8.000 пожарникари на кои работата на терен дополнително им ја отежнува недостатокот на влага и силниот ветер.