Vesna Besic
24 Јануари 2023•Ажурирај: 25 Јануари 2023
ЗАКОПАНЕ (АА) - Најголемиот снежен лавиринт во светот се наоѓа во полскиот град Закопане, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лавиринтот е граден во текот на 2015 и 2016 година на површина од 2.500 квадратни метри. Минатата година капацитетот на лавиринтот е зголемен на 3.000 квадратни метри.
Граѓаните и туристите во голем број ја посетуваат оваа атракција.

Сноуландија е изградена пред неколку години како зимски тематски парк за забава на туристите и посетителите на Закопане.
Паркот со лавиринтот се наоѓа под меѓународната ски-скокалница позната како „Вјекла Крокјев“. Сноуландија не работи кога се одржуваат натпреварите во скијачки скокови.
