Ekip
22 Октомври 2022•Ажурирај: 24 Октомври 2022
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Најмалку 15 лица ги загубија животите, а 40 се повредени во автобуската несреќа што се случи рано утрово во индиската сојузна држава Мадја Прадеш, известува Агенција Анадолија (АА).
„Несреќата се случила во округот Рева, кога патнички автобус на пат кон државата Утар Прадеш се судрил со камион“, изјави за АА полицискиот комесар Навнет Басин.
Тој истакна дека повредените се згрижени во болница и дека меѓу нив нема лица кои се наоѓаат во животна опасност.
По повеќечасовната блокада на патот, остатоците од камионот и автобусот се отстранети и сообраќајот е нормализиран, а во тек е истрагата за откривање на причината за несреќата.