Davit Kachkachishvili
22 Октомври 2022•Ажурирај: 23 Октомври 2022
КИЕВ (АА) - Руските сили во многу делови на Украина во утринските часови продолжија да изведуваат напади, известува Агенција Анадолија (АА).
Во одделни делови на Украина одекнуваа експлозии, а во неколку градови, вклучувајќи го и Киев, утрово се огласија сирените за тревога за можни воздушни напади.
Гувернерот на Днепарската Област, Валентин Резниченко, соопшти дека руските сили извеле напади на градовите Марганец и Никопол, а цел на нападите била енергетската инфраструктура.
Градоначалникот на Луцк, Игор Полишчук, изјави дека руските сили ја погодиле инфраструктурата и дека дел од градот останал без електрична енергија.
Руските сили извршиле напад и на подрачјата на Миколајев, Хмелницки и Ривне.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм објави дека во градот се огласиле сирените за тревога.
„Силите на воздушната одбрана уништија неколку проектили упатени кон Киев“, соопшти Кличко.
Тој додаде дека и понатаму постои опасност од напади, а го повика населението да остане во своите домови и во засолништата.