свет

Најмалку 30 повредени во несреќа на жичара во шпански ски-центар

Најмалку 30 лица, од кои 9 се потешко, се повредени во несреќа на жичара во скијачкиот центар Астун во градот Хуеска, на северот од Шпанија

Şenhan Bolelli  | 18.01.2025 - Обновена : 18.01.2025
Најмалку 30 повредени во несреќа на жичара во шпански ски-центар

МАДРИД (АА) - Мигел Анхел Клаверо, генералниот директор за вонредни ситуации на автономната влада на Арагон, за шпанскиот печат изјави дека поради дефект на повратната макара на жичарата во ски-центарот Астун, се скинала сајлата, што предизвикало пад на дел од кабините, известува Анадолу.

Властите соопштија дека во несреќата се повредени најмалку 30 лица, од кои деветмина потешко и истите со хеликоптер и возила на брзата помош биле пренесени во локалните болници.

По несреќата, ски-центарот привремено е затворен.

Премиерот Педро Санчез на својот профил на социјалната мрежа Х објави:

„Веста за несреќата во Астун сите длабоко нѐ погоди. Зборував со Хорхе Азкон, претседателот на владата на автономната влада во Арагон, и во име на нашата влада му пренесов дека ќе ја дадеме сета наша поддршка за да им помогнеме на повредените. Целата наша љубов е со повредените и нивните семејства.“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın