Ekip
04 Јуни 2022•Ажурирај: 06 Јуни 2022
КАРАЧИ (АА) - Голем пожар денес зафати шума на висока надморска височина во северозападниот дел на Пакистан, одземајќи најмалку 4 животи, соопштија официјалните лица и локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шумскиот пожар, втор во помалку од две недели, зафати големи делови од шумата во округот Шангла во покраината Хајбер-Пахтунва, што се граничи со Авганистан.
Зиа-ур-Рехман, највисоко официјално лице во Шангла, за новинарите изјави дека загинале три жени и дете кои биле заробени од пожарот.
Нивните тела се извлечени од шумата и се префрлени во локалната болница.
Рехман истакна дека на местото на несреќата се испратени повеќе тимови, а пожарникарите се борат да го изгаснат пожарот на планинскиот терен.
Аманулах Хан, шеф на телото за управување со катастрофи на овој округ, ги информираше новинарите дека последните години неколку шумски пожари се предизвикани од невнимателни излетници и мештани.