Ekipa
09 Декември 2019•Ажурирај: 11 Декември 2019
МЕЛБУРН/АНКАРА (АА) - Најмалку пет лица загинаа денеска по ерупција на вулкан на новозеландски остров, потврди полицијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Повеќе лица се повредени како последица на наталожената вулканска пепел од вулканот на Белиот Остров“, се вели во соопштението на полицијата, додека голем број лица сѐ уште се водат за исчезнати.
„Ние продолжуваме да дејствуваме што е можно побрзо врз основа на неколку канали на информации за да го потврдиме точниот број на лицата кои се наоѓаат таму“, се додава во соопштението на полицијата.
Во ерупцијата на вулканот се верува дека се повредени и лица од Нов Зеланд, како и туристи.
Полицијата на Нов Зеланд претходно изјави дека помалку од 50 лица се наоѓале на и во близина на островот во моментот кога се случила ерупцијата.
Властите ги советуваат жителите во подрачјето да останат во своите домови и да ги затворат прозорците.
Вулканот последен пат еруптираше во 2001 година.