АНКАРА (АА) - Махмут Арслан, претседател на Конфедерацијата на синдикатите за права на работниците (Hak-İş), во врска со ранувањето на фоторепортерот на Агенција Анадолија, Мустафа Јалчин, од страна на француската полиција, изјави дека „во Франција можеме да го видиме новото раѓање на нацизмот кој ние и светот се обидуваме да го заборавиме", како и дека може да се види дека „француската полиција оди во правец да стане Хитлеровото гестапо“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Членовите на Конфедерацијата во која членуваат и вработените во Агенција Анадолија се собраа пред Амбасадата на Франција во Анкара, во знак на протест на нападот на француската полиција, при што во окото беше ранет фоторепортерот на АА кој одблизу ги следеше демонстрациите во Париз против реформите во пензискиот систем во Франција.

Претседателот на „Хак-иш“, Арслан, во своето обраќање пред Амбасадата потсети дека фоторепортерот Јалчин, во согласност со меѓународните правила за следење на демонстрации, бил на местото на протестите.
„Нашиот пријател, како и останатите новинари, ја носел заштитната кацига и далеку од протестантите, додека ги следел настаните, на просторот на кој се наоѓал со некои новинари, бил ранет. Првенствено мислевме дека станува збор за повреда предизвикана од парче од солзавец, но лично спасувачките екипи изјавија дека била фрлена пластична бомба“, рече Арслан.
Потенцираше дека во случајов француската полиција не користела солзавец.
„Станува збор за пластична бомба која е намерно фрлена, при што цел била групата во која се наоѓале и опозициските новинари. Поради оваа пластична бомба разбиена е кацигата на Мустафа Јалчин и тие парчиња го погодиле во окото. Останатите новинари се повредени, некој во нога или во друг дел од телото. Директната употреба на сила од страна на француската полиција претставува насилство и терор врз тројцата новинари, од кои едниот е турски.“

Претседателот на „Хак-иш“ посочи дка нападот врз Јалчин го прифаќа како напад извршен врз Синдикатот.
„Полициското насилство во Франција е терор кој се спроведува во Франција и е вон сите граници на полициското насилство. Ќе се бориме против ваквиот терор. Во Франција можеме да го видиме новото раѓање на нацизмот кој ние и светот се обидуваме да го заборавиме. Можеме да видиме дека француската полиција оди во правец да стане Хитлеровото гестапо. Го повикуваме целиот свет да се фокусира и да соработува против овие гестаповци, против овие остатоци од нацизмот“, потенцираше Арслан.
Потсетувајќи дека Мустафа Јалчин добро ја извршува својата професионална работа и долги години се наоѓа во Париз, Арслан истакна:
„Должноста на овој наш пријател беше да фотографира за Агенција Анадолија. Тој беше жртва на напад бидејќи е од Агенција Анадолија. Беше предмет на напад затоа што беше турски новинар. Полицијата ги познава сите новинари, а покрај Мустафа се наоѓаа двајца опозициски новинари кои покрај него беа цел на полицијата.“
Според Арслан, насилството што се спроведува во Франција претставува обид за убиство.
„Зад ова се наоѓа Макрон, зад ова се наоѓа француската власт, а на чело на оваа работа стои француската полиција која се однесува како Гестапо. Ќе продолжиме и во нашата земја и на целиот свет да му зборуваме за нејзиното валкано лице, да раскажуваме за нејзината дволична измама. Како „Хак-иш“, која е дел од Меѓународното синдикално движење, во соработка со тамошните и синдикатите од Франција, особено со оние кои ги спроведоа последните штрајкови во Франција, ќе продолжиме да му раскажуваме на целиот свет“, изјави Арслан.
- „Мустафа фотографираше со кацига на главата“
Сезаи Балли, претседател на Конфедерацијата на синдикатите за медиумски работници, изјави дека Мустафа Јалчин, фоторепортерот на АА, е професионалец кој ги следел вестите од секој дел на светот, лице кое без исклучок, ги занемарувало сите опасности за да ја направи најдобрата фотографија.

Потсетувајќи дека јавноста го познава Јалчин, Балли рече: „По натпреварот Франција - Турција, тој го овековечи војничкиот поздрав на турските фудбалери, фотографија која стана симбол. Оваа фотографија на социјалните межи им се допадна на милиони лица и со денови се зборуваше за неа. Мустафа Јалчин ги презеде сите потребни превентивни мерки за да ги следи протестите во Франција, на себе ставајќи гас-маска, а на главата имаше и кацига додека фотографираше.“
Претседателот на Конфедерацијата на синдикатите за медиумските работници потенцираше и дека фоторепортерот на АА, Мустафа Јалчин, својот леб го заработува со своите очи.
„Повеќе нема да може да го користи своето лево око. Кој ќе ја преземе одговорноста за тоа? Како тоа, Франција, која суди за човековите права во светот, во својот главен град новинарите ги доведува во ваква состојба? До крај ќе ги следиме сите законски права на Мустафа. Доколку е потребно, ќе поднесеме и меѓународна тужба“, истакна Балли.
По своето обраќање, заедно со Арслан, членовите што ги придружуваа вработените во АА, пред Амбасадата на Франција во Анкара оставија црн венец.
news_share_descriptionsubscription_contact
