Burak Dağ
11 Декември 2021•Ажурирај: 12 Декември 2021
АНКАРА (АА) – Најмалку 50 лица загинаа во торнадото што ја погоди југоисточната американска сојузна држава Кентаки, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Знаеме дека најверојатно имаме над 50 загинати“, изјави гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, за локалната телевизиска станица WLKY.
Торнадото особено го погоди округот Грејвс доцна синоќа.
Гувернерот додаде дека две цистерни со вода за пиење се испратени во градот Мејфилд, кој е силно погоден од торнадото.
„Имаме фабрика во Мејфилд чиј покрив е урнат во торнадото, поради што се стравува од голем број жртви“, додаде тој.
Бешир прогласи вонредна состојба по природната катастрофа.