Betül Yılmaz
28 Септември 2025•Ажурирај: 28 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелската армија денес уби уште осум цивили во Појасот Газа како дел од својата геноцидна војна врз енклавата, соопштија медицински лица, пренесува Анадолу.
Државната новинска агенција Вафа, повикувајќи се на медицински извори, соопшти дека армијата извршила напад врз два дома во бегалскиот камп Нусејрат, во централниот дел од Појасот Газа, при што загинале осум лица, меѓу кои жени и деца, а многу други се повредени.
Израелската армија уби речиси 66.000 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, во Газа од октомври 2023 година. Воздушните и копнените напади ја оставија Газа непогодна за живеење, туркајќи го нејзиното население во глад.