Emel Öz Gözellik
31 Октомври 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
МЕКСИКО
Во затвор во мексиканската сојузна држава Морелос избувнале безредија во кои животот го загубиле 6 затвореници, а двајца се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на власта на државата Морелос соопштија дека во затворот сместен јужно од градот Куернавака дошло до безредија.
Во соопштението се вели дека во немирите загинале 6-мина затвореници, а двајца се повредени, додавајќи дека за време на безредијата четворица затворски чувари биле земени како заложници, но подоцна биле ослободени.
Во меѓувреме, со цел да се згаснат безредијата, во затворот се испратени голем број полицајци и војници.