Ayhan Şimşek
30 Септември 2019•Ажурирај: 01 Октомври 2019
БЕРЛИН (АА) - Осум припадници на екстремно десничарската организација Револуција Чемниц денеска излегоа пред суд во врска со обвиненијата за заговарање терористички напади во Германија, јавува Anadolu Agency (AA).
Осомничените неонацисти на возраст меѓу 21 и 32 години, се појавија пред Регионалниот суд во германскиот град Дрезден за првпат по нивното апсење минатата година.
Портпаролката на судот, Џесин Тјус, пред новинарите изјави дека осумте мажи се обвинети за формирање на екстремно десничарска терористичка група, за планирање напади врз странци и политички ривали, барајќи огнено оружје за соборување на демократскиот уставен поредок.
Меѓусебните комуникации меѓу припадниците на групата откриле дека тие планирале терористички напад во Берлин на 3 октомври, за време на прославата на Денот на германското единство.
Тие беа уапсени кон средината на септември 2018 година во источниот германски Чемниц, упориште на екстремно десничарските партии и групи.